Нашата музика е автентична, амбиетална, рок, евергрин, класика, блуз, џез, шансони, романси, поп музика; филмска и сé што е и ќе остане во вечноста во комбинација со најнови, но вредни музички остварувања.
Ние говориме за екологијата на духот, за културата на живеење, за животната средина, се бориме против сите видови на девијатни појави, сервисираме со информации, релаксираме, забавуваме, едуцуираме, низ приказни и симболика за сé што има префикс трајно и вредно ...
Заради исполнување на своите програмски определби Радио Равел активно работи и на проекти надвор од студиските активности. Ние го сакаме нашиот град, но го сакаме чист и зелен. Ние ја сакаме Зоолошката градина и животните, но ги сакаме здрави, весели и удобно сместени. Ние ја сакаме животната средина и сакаме да дадеме свој придонес во еколошките активности.
Радио Равел зрачи на територија на градот Скопје и сите приградски населби сопотенцијален број на слушатели околу 300 000 илјади.
Радио Равел се слуша во домашна атмосфера, во автомобил, на работно место, во сите поексклузивни и помирни кафеани и кафулиња, на универзитетот, во суд, во здравствени установи, во сите архитектонски и технички бироа...се слуша кога си сам и кога си во друштво...се слуша на интернет ( тоа го докажуваат безбројните мејлови што стигнуваат на наша адреса од целиот свет).