Програмска шема на Радио РАВЕЛ
Шемата не е баш шемаџиска
Во Скопскиот етер постоиме од 1993 година. Сме поминале многу свои патишта и еве не сега овде.
Урбан модел, со поголем акцент на културолошкиот аспект на нашето овдешно, македонско живеење. Обоено со еден вистински музички mainstream-светски и македонски.
Широка лепеза на музички правци, од класика до современите електронски, и сето тоа вкусно спакувано.
Вообичаено не патиме од:
- локални трачеви;
- црна хроника;
- популистички заведувања;
- политички инволвирања;
и сите слични глобалистички секојдневија.
Вообичаено држиме до:
- етиката и естетиката на говорот македонски, вистинските музички вредности ( често непрепознаени на прв поглед);
- вистинските случувања во градот и државата ни;
- вистински и навремени информации (посебно од областа на културното живеење);
- навремена дератизација на скопскиот етер.
Наше основно скриено мото – културата на живеењето, тоа сме ние, а нормално следи и базичниот наш џингл:
……ако не сте со нас…не сте со сите :)
Останете на 96 милиони херци и...внимавајте што слушате
Ваш Радио Равел